Почитувани,
Здружението Подготвеност за Европа од Скопје, во соработка со Здружение Институтот за развој на заедницата, Тетово и Комората на Мал Бизнис од Скопје, на 10.08.2021 со почетокот во 11:00 часот ќе организира двочасовен настан за бизниси.
Настанот се организира во рамките на проектот „Поддршка за сајбер безбедност во микро и мали бизниси“, поддржан од Амбасадата на САД во Северна Македонија, имплементиран од Подготвеност за Европа, Скопје, кој има за цел да придонесе кон безбедно онлајн работење на микро, малите и средни бизниси, што би помогнало кон подобрување на нивните практики и зајакнување на самите бизниси.
На овој настан бизнисите ќе имаат можност да се запознаат со активностите на проектот и со помош на проектниот тим ќе пополнат претходно изготвен Прашалник за ...