Фудбалското пријателство на ФК Тетекс и ФК Раднички Ниш продолжува

После одличната соработка помеѓу ветераните на ФК Тетекс од Тетово и ФК Раднички од Ниш кои одиграа пријателска средба во минатото, овој викенд во Ниш пријателството помеѓу двата клуба ќе продолжи.

Имено, паузата од првенствени натпревари поради репрезентативната пауза ќе ја искористат младинската и кадетската екипа на ФК Тетекс за гостување и одигрување на пријателски средби со нивните врсници од ФК Раднички во Ниш.

Покрај стекнатото големо искуство на овие средби, се надеваме дека нашите млади фудбалери ќе се покажат во добро светло и достојно ќе го презентираат македонскиот фудбал против еден реномиран противник.

Се надеваме дека ова пријателство и фудбалска соработка помеѓу екипите на ФК Тетекс и ФК Раднички ќе продолжи и во иднина.