Дали е реален последниот попис ?

На последниот пописод 2021 год. во Македонија бројот на жители изнесуваше 1.836.713 жители.

Но, дали тоа е реалната бројка ?

Една друга економска анализа го покажува следново (според податоците на заводот за статистика):

Во 2017 год. бројот на активно население изнесувал 948.599 лица, од кои вработени биле 723.550, додека невработени биле 225.049 лица. Стапката на невработеност изнесувала 23,7%.

Во 2023 год. бројот на активно население изнесувал 791.647 лица, од кои вработени биле 688.296 (на сликата дадени по дејности), додека невработени биле 103.351 лице. Стапката на невработеност изнесувала 12,8%.

Од тука се поставуваат следните прашања:

Како е можно бројот на невработени лица и стапката на невработеност да се намалува, при тоа бројот на вработени лица да не се зголемува, туку напротив, да имаме околу 35.000 помалку вработени за период од 6 години ?

Дали пописот од 2021 год. ја покажува вистинската состојба на бројот на жители (резиденти) во Македонија ?

Заклучокот е дека за 6 години имаме околу 150.000 лица на активно население помалку, лица кои ја напуштиле државата, а кои не се евидентирани како податок. Ако на тоа ги додадеме и оние лица под 18 год. кои заедно со своите родители ја напуштиле државата, податоците се уште повеќе поразителни.