Новинарот Фуркан Салиу се уште на распит во полициска станица

 

 

 

 

 

 

 

Новинарот Фуркан Салиу денеска е уапсен од скопската полиција, на фудбалски натпревар.

Салиу бил приведен откако, според првичните информации, наводно нападнал полицаец – припадник на Единицата за брзо распоредување (ЕБР). По инцидентот полицијата извршила претрес на Салиу и на неговото возило, при што нашла еден пиштол во неговиот ранец.

По ова Салиу бил однесен во полициската станица Гази Баба, каде се уште трае распитот.