21 септември 2026 19:10

Автор: URBAN

Амар Исмани е пејачот кој загина во синоќешната престрелка
URBAN.MK

Амар Исмани е пејачот кој загина во синоќешната престрелка

Пејачот Амар Исмани (29 год.) беше убиен во пукањето кое синоќа пред полноќ се случи на Пластичарската улица во населбата Чаир во Скопје. Инцидентот започнал со расправија, па прераснал во физичка пресметка со употреба на огнено оружје. Вкупно три лица се хоспитализирани.
Ковачевски поднесе оставка
URBAN.MK

Ковачевски поднесе оставка

Ве информираме дека на денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, претседателот Димитар Ковачевски го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ којашто ја најави на 8-ми мај, како високо морален чин, и согласно Статутот на партија иницираше свикување Конгрес на СДСМ заради анализа на изборните резултати и изјаснување за довербата на органите на СДСМ, избрани од Конгресот, со оглед на изборните резултати, велат од СДСМ....
Уапсен врховен судија
URBAN.MK

Уапсен врховен судија

Криминалната полицијата на МВР и Одделот за борба против организиран криминал попладнево го уапсија Наке Георгиев кој работи како Врховен Судија. Уапсен е поради пријава за мито од 10 илјади евра. Сомнежот е дека тој ветувал олеснителни мерки во судската постапка која се води против екс градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев кој беше повторно уапсен овој пат за шверц на марихуана. Уапсениот судија стана познат во јули минатата година кој како струмички кадар екпресно брзо напредуваше заедно со неговиот син Кирил кој беше избран за судија во Основиот суд....
ЖФК Љуботен открива скандал во женскиот фудбал
URBAN.MK

ЖФК Љуботен открива скандал во женскиот фудбал

Во пресрет на финалниот натпревар од женскиот фудбалски Куп на Македонија, кој утре треба да се одигра во Велес, актуелниот освојувач на двојната круна, Љуботен, на прес-конференција изнесе сомнеж за нерегуларност при регистрацијата на странските фудбалерки во редовите на финалистот и вицешампион на Македонија, Каменица Саса. Според преставникот на Љуботен, Драгољуб Јовановски, со случајот се запознаени Фудбалската федерација на Македонија, Министерството за внатрешни работи, како и Обвинителството, и се очекува нивна реакција и расчистување на случајот со цел регуларност на првенството. Подетално од пресконференцијата на следниот Линк  ...
Силјановска одговори зошто не употреби “северна”: Имам право на тоа!
URBAN.MK

Силјановска одговори зошто не употреби “северна”: Имам право на тоа!

Во своите јавни настапи, македонската претседателка има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација, почитувајќи ги основните човекови права и слободи, и согласно европските вредности и начела. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе се придржува до официјалната примена на уставното име. Согласно Уставот, како што беше подготвена од службите на Собранието, свечената заклетва беше потпишана со користење на уставното име. Македонските институции во последниве 5 години речиси целосно ги исполнија обврските од Преспанскиот договор и претседателката очекува сите македонски партнери да ги почитуваат билатералните и мултилатерални обврски кои ги презеле кон земјата.”, велат од Кабинетот на Претседателот....
Лина Ѓорческа на Ролан Гарос
URBAN.MK

Лина Ѓорческа на Ролан Гарос

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја очекува нов настап на еден од четирите Грен слем турнири. Таа од 20 мај ќе биде дел од квалификациите на Ролан Гарос. Ова за најуспешната македонска тенисерка ќе биде второ учество на Грен слем турнирот во Париз. Првпат настапи во 2017 година.
Нова победа на тетовчанката
URBAN.MK

Нова победа на тетовчанката

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа продолжува со добрите игри, а како резултат дојде и денешната победа над првата носителка Маи Хонтама на ИТФ фјучрсот W75 Трнава. Ѓорческа во второто коло ја победи противничката од Јапонија со 2-0 во сетови (6-3 6-1) за два часа и девет минути игра.
Денеска е ден на македонскиот јазик и македонската азбука
URBAN.MK

Денеска е ден на македонскиот јазик и македонската азбука

5-ти Мај денот на македонската азбука и македонскиот јазик! На 5 мај 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеци Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик. „Јазикот е нашата најкомплетна татковина“. Македонци, честит нека е Денот на македонскиот јазик! Нашиот јазик е наше право, наша светост. Да не дозволиме да ни го одземат!...
Дали ќе биде исполнет цензусот во вториот круг ?
URBAN.MK

Дали ќе биде исполнет цензусот во вториот круг ?

Во првиот круг на претседателските избори, вкупниот број на гласачи кои излегле на гласање изнесува 906.000. За да биде избран претседател во вториот круг цензусот изнесува 40% или вкупниот број на гласачи што треба да излезат во вториот круг на претседателските избори изнесува 726.000. Од тука се поставува прашањето дали ќе биде избран претседател на Република Македонија доколку се остварат најавите за бојкот на вториот круг на претседателските избори од страна на условно кажано албанските партии, коалицијата предводена од ДУИ и коалицијата "Вреди". Нивниот вкупен број на гласови од првиот круг на претседателските избори изнесува нешто повеќе од 200.000. Доколку се оствари истата излезност од првиот круг на претседателските избори и ако ги одземеме овие 200.000 гласови ќе биде н...