Добра вест за Новак Ѓоковиќ на Австралија опен
Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Австралија Опен откако Јакуб Меншик се откажа од осминафиналето без борба. Новак Ѓоковиќ и Јакуб Меншик требаше да го одиграат својот натпревар од осминафиналето на Австралија Опен во понеделник наутро, но чешкиот тенисер објави еден ден претходно дека мора да се откаже поради повреда.










