Викендов се игра ново коло во македонската прва фудбалска лига. Управата на Гостивар се одлучи на непопуларен чекор и забрани присуство на публика и гостински навивачи на трибините. На оваа одлука реагираа навивачите на ФК Вардар, популарните Комити. Нивното соопштение го пренесуваме во целост:
СООПШТЕНИЕ ДО СИТЕ ВАРДАРЦИ!
Одлуката на Управата на ФК Гостивар, натпреварот во недела да биде одигран без присуство на публика, ја сметаме за срамна и ја отфрламе во целост!
Во недела, СИТЕ ЗАЕДНО ќе се упатиме кон стадионот, со една цел – поддршка за Вардар, сега кога е најпотребна. И тоа никој не може да го спречи!
Собир: Недела [15.09.2024] | 13:00ч.
Локација: Кино Маџари
Поаѓање:14:00ч.
Ги замолуваме сите кои ќе присуствуваат да не подлегнуваат на никакви провокации и внимателно да ги слушаат инструкциите на надлежните членови!
Се враќаме онаму каде што со години, искрено се бранеше црвено-црното. Онаму каде што народот издвојуваше голема победа за клубот, во која учествуваа сите генерации на Вардарци!
Упатуваме апел до сите нив, до сите генерации, ДО ТЕБЕ! Не седи дома, не мисли, време е повторно за борба-за Вардар наш!
НЕМА НИКОЈ ДА НИ ЗАБРАНИ!