Најмалку 15 полицајци уапсени во затворот Идризово

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција односно специјализираното одделение за гонење на лица со полициски овластувања и затворска полиција денеска уапси најмалку 15 полицајци во затворот во “Идризово”.

Полицајците се сомничат дека во минатото помогнале на лице да избега од затворот и лице кое и денеска е во бегство.

Наскоро се очекува повеќе информации од обвинителството кое најави соопштение.