9 февруари 2025 08:11

Шокантни тврдења за Брижит Макрон

Американската новинарка Кендис Овенс вети дека ќе објави докази дека првата дама на Франција е маж.
Таа на своите социјални мрежи тврди дека наводно собрала докази дека Брижит Макрон никогаш не постоела и ветува дека ќе ги објави материјалите на 30 јануари.
Новинарката му испрати на Макрон листа од 21 прашање за „фер и избалансирано интервју“ и го повика да признае сè, пред да ја објави својата истрага.
Во него таа поставува прашања за минатото на Брижит и бара од неа да сподели фотографии од нејзината младост.
Овенс забележува дека Макрон имал 15 години кога започнал врска со својата учителка, 39-годишната Брижит, но нема докази за животот на учителката на училиште или на факултет.