11 декември 2025 00:59

Учениците од „Моша Пијаде“ – Тетово реализираа практична настава во Сетубал, Португалија

Ученици од РЦСОО „Моша Пијаде“ од Тетово на практична настава во Португалија преку програмата Еразмус+

Во рамките на Еразмус+ акредитираниот проект за мобилност на ученици и вработени во стручното образование и обука, ученици и наставници од Регионалниот центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде“ – Тетово реализираа практична настава во Сетубал, Португалија, во периодот од 9 до 27 февруари 2025 година.

Оваа мобилност беше незаборавно искуство за сите учесници. Учениците стекнаа нови практични знаења, ги унапредија своите стручно-технички вештини и се запознаа со европскиот начин на работа, што придонесе за нивен личен и професионален развој.

Проектот претставува значаен чекор напред во развојот на меѓународната соработка на училиштето, создавајќи мостови меѓу образовните институции од различни земји и култури.

Покрај практичната работа, учесниците уживаа во дружењето, запознавањето со португалската култура и убавините на Сетубал и околните градови, создавајќи спомени кои ќе ги паметат цел живот.

По враќањето, тие одржаа дисеминација – презентација за своите искуства пред учениците и наставниците од училиштето, со цел да ги мотивираат идните генерации за вклучување во вакви меѓународни програми.

Преку ваквите активности, РЦСОО „Моша Пијаде“ ја потврдува својата посветеност на квалитетно стручно образование, кое ги подготвува младите за современиот пазар на труд и ги поврзува со европското образовно семејство.