9 февруари 2025 08:57

Утрово почина Александар Јовиќ

Македонскиот ракомет утрово е завиен во црно по потресната вест дека животот го загуби Александар Јовиќ, долгогодишен македонски репрезентативец со успешна играчка, а потоа и тренерска кариера.

Јовиќ во последната година се наоѓаше на чело на Тинекс Пролет, тим со кој ги почна и подготовките за вториот дел од сезоната пред неколку дена. Целокупната ракометна јавност е во шок по големата трагедија и ненадејната смрт на ова големо ракометно име во нашата земја.