Криминалната полицијата на МВР и Одделот за борба против организиран криминал попладнево го уапсија Наке Георгиев кој работи како Врховен Судија.
Уапсен е поради пријава за мито од 10 илјади евра.
Сомнежот е дека тој ветувал олеснителни мерки во судската постапка која се води против екс градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев кој беше повторно уапсен овој пат за шверц на марихуана.
Уапсениот судија стана познат во јули минатата година кој како струмички кадар екпресно брзо напредуваше заедно со неговиот син Кирил кој беше избран за судија во Основиот суд.