12 декември 2025 21:15

Скандал во Токио

 

Штафетата на САД на 4 x 400 метри за мажи заврши шеста во првата полуфинална група, 12-та во генералниот пласман и испадна од конкуренција за финалето. Сепак, Светската атлетска федерација магично одлучи да им даде нова шанса на олимписките и светските шампиони.

Беше одлучено дека во недела наутро, Американците ќе се натпреваруваат за место во финалето со Кенија, која го освои четвртото место во таа група, и дека ќе има девет екипи наместо осум во борбата за медали.

Се станува уште покомплицирано ако се знае дека Кинезите беа пред Американците и тие не се споменуваат никаде во пресрет на финалето. Се започна со тоа што Американците речиси се судрија со штафетата на Замбија во втората замена. Сепак, по трката беше одлучено да се дисквалификува Замбија. Тоа не ја промени многу позицијата на Американците сè додека не беше објавена неверојатната одлука.

Не е јасно според кои критериуми им е дозволено на Американците да добијат уште една шанса, во трка во која јасно ќе ја победат Кенија. Кина, која беше само една стотинка зад Кенија, не е спомената од никого. Ниту пак Јапонија, која во втората група имаше подобро време од Америка за повеќе од една секунда.