Осудениот силувач на деца, кој се натпреварува за Холандија на Олимпијадата во Париз 2024 година, беше дочекан со свирежи додека излегуваше на својот прв натпревар во одбојка на плажа.
Стивен ван де Велде, кој беше осуден за силување на 12-годишно девојче во 2016 година, го загуби првиот натпревар со партнерот Метју Имерс. Одбојкарот на плажа се најде во центарот на вниманието во Париз, откако групите на жртви рекоа дека неговото вклучување на олимписките игри испраќа опасна порака до силувачите и ќе предизвика „колатерална штета“ на жртвите на сексуална злоупотреба.