Артан Груби и Перпарим Бајрами официјално станаа бегалци барани со меѓународна потерница. МВР објави потерници за двајцата кои се товарат за проневера на околу осум милиони евра од Државна лотарија.Тие засега се недостапни на органите на прогонот.
Бајрами веќе се обезбедил со правна одбрана, неговото семејство го ангажирале адвокатот Антонио Апостолски. Тој за Алфа вели дека неговиот клиент, последниве месеци живее и работи надвор од Македонија.