Во Лас Вегас на 76-годишна возраст почина Орентал Џејмс Симпсон, познат само како О Џеј Симпсон.
О Џеј Симпсон стана познат по судењето за двојното убиство на поранешната сопруга Никол Браун Симпсон и нејзиниот пријател Рон Голдман во 90-тите години.
Поротата на кривичниот суд го прогласи за невин во 1995, но на посебно граѓанско судење во 1997 беше прогласен за одговорен за убиствата и му беше наложено да им плати 33,5 милиони долари на семејствата на Браун и Голдман.