2 декември 2024 18:09

Почина владиката Тимотеј

Почина Дебарско-кичевскиот митрополит Тимотеј, објави интернет страницата Религија.мк. Владиката починал денеска в болница, каде неколку дена бил на лекување поради проблеми со срцето. Имаше 73 години. Владиката Тимотеј беше и портпарол на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА).

Владиката Тимотеј е роден како Славе Јовановски на 20 октомври 1951 во Младо Нагоричане, Кумановско. Во 1976 дипломирал на Богословскиот факултет. Потоа работи како службеник во Македонската архиепископија. Од Синодот бил испратен во Рим каде ги завршил ориенталните студии и магистратура. На Богословскиот факултет во Скопје извесно време Јовановски работел и како професор, а е поставен и за в. д. ректор на Македонската православна богословија.