4 октомври 2024 11:35

Покана за настан: Сајбер безбедност во работењето

Почитувани,

Здружението Подготвеност за Европа од Скопје, во соработка со Здружение Институтот за развој на заедницата, Тетово и Комората на Мал Бизнис од Скопје, на 10.08.2021 со почетокот во 11:00 часот ќе организира двочасовен настан за бизниси.

Настанот се организира во рамките на проектот „Поддршка за сајбер безбедност во микро и мали бизниси“, поддржан од Амбасадата на САД во Северна Македонија, имплементиран од Подготвеност за Европа, Скопје, кој има за цел да придонесе кон безбедно онлајн работење на микро, малите и средни бизниси, што би помогнало кон подобрување на нивните практики и зајакнување на самите бизниси.

На овој настан бизнисите ќе имаат можност да се запознаат со активностите на проектот и со помош на проектниот тим ќе пополнат претходно изготвен Прашалник за проценка на сајбер ризици во работењето во нивната компанија.

Врз основа на резултатите од прашалникот, проектниот тим за секоја компанија учесник на настанот ќе изготви:

  • Извештај за оценка на ризици;
  • План за справување со ризиците и
  • Препораки за обуки.

За сите заинтересирани компании ќе биде договорен и термин за реализација на менторски сесии со експерт за сајбер безбедност.

Со оглед на тоа што дигитализацијата и дигиталното работење се од големо значење, се надеваме дека оваа тема ќе поттикне интерес кај вас. На настанот може да присуствува по едно лице од компанија.

Настанот ќе се одржи во просториите на ИРЗ – Тетово, ул. Маршал Тито бр. 96, 1200 Тетово.

Поради ограничен број на учесници, потребно е да го потврдите Вашето присуство со пишување на Име, презиме, Име на компанија и телефонски број за контакт на следната е-маил адреса: cdi.ema2@gmail.com

Во очекување на ваш одговор за изразување интерес за присуство на овој настан.

 

Лице за контакт: Фани Ангелеска

тел: 076/270- 702