
Судијата Шефшет Адеми е судијата кој претходно му изрекол условна казна за две кривични дела – Насилство и Загрозување на сигурноста – иако биле докажани обвинувањата. Во еден случај ја нападнал Росица додека го шетала кучето, удирајќи ја по глава и лице, а во друг, пред неа физички го нападнал нејзиниот партнер. Наместо затворска, добил условна казна поради „олеснителни околности“ – тоа што бил неосудуван и се однесувал коректно во судница. – превземено од Скопје1.мк
