6 ноември 2024 12:54

Неуспешен државен удар во Боливија

Генералот Зунига, кој го предводеше државниот удар во Боливија е приведен.

Приведени се и двајца воени команданти, генералот на воздухопловните сили Марсело Хавиер Сегара и вицеадмиралот Хуан Арнес Салвадор.

Сега ситуацијата во боливиските вооружени сили е под целосна контрола, соопшти Министерството за одбрана.

Пучот што војската го изведе против владата на Боливија, може да има геополитичка и економска позадина.

Боливија ги има најголемите наоѓалишта на литиум во светот – 24% од сите светски резерви.

Во декември 2023 година, руската групација Uranium One, дел од државната корпорација Росатом, и боливиската државна компанија YLB (Yacimientos de Litio Bolivianos) потпишаа договор во Ла Паз за изградба на пилот фабрика за производство на литиум карбонат на солено мочуриште Ујуни во провинцијата Потоси.

Додека соработувала со руски компании во ископувањето и преработката на литиум, боливиската влада истовремено одбила да го направи тоа со компании од Германија.

Литиумот е од суштинско значење за производство на батерии за електрични возила, чие производство и побарувачка рапидно се зголемуваат.

Пред неколку дена боливискиот претседател Луис Арсе официјално ја објави својата желба да ја интегрира земјата во БРИКС.