6 ноември 2024 12:56

На повидок голема војна на блискиот исток

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, издаде наредба директно да се удри на Израел, во знак на одмазда за убиството на челникот на Хамас, Исмаил Ханије.
Израел не ни потврди ни отфрли дека стои зад атентатот кој беше изведен во резиденција во Техеран каде политичкиот лидер на Хамас се наоѓаше заради инаугурацијата на новиот ирански претседател Масуд Пезешкиан.
Последниот пат, Иран својата одмазда за претходната израелска провокација ја изведе главно со дронови но операцијата ја калибрираше за да не дојде до поширока регионална ескалација.
Овојпат, меѓутоа, се разгледувала опцијата за координиран напад во кој би учествувале и сојузничките сили од Јемен, Сирија и Ирак, пишува Њујорк Тајмс.