Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција односно специјализираното одделение за гонење на лица со полициски овластувања и затворска полиција денеска уапси најмалку 15 полицајци во затворот во “Идризово”.
Полицајците се сомничат дека во минатото помогнале на лице да избега од затворот и лице кое и денеска е во бегство.
Наскоро се очекува повеќе информации од обвинителството кое најави соопштение.