11 декември 2025 06:38

Македонец постигна 4 гола за 12 минути

Милан Илоски кој има и македонско државјанство, имаше неверојатно издание на мечот помеѓу Сан Диего и Ванкувер од МЛС лигата (победа на Сан Диего од 5-3). Постигна дури 4 голови во период од само 12 минути.

Со само 25 години, Илоски испиша историја во МЛС-лигата поставувајќи рекорди за најбрз хет-трик и прв ‘покер’ во историјата на ова натпреварување – лига во која денес настапува Лионел Меси, а низ годините играа и фудбалски великани како Ибрахимовиќ, Суарез и Жиру.

Дали ФФМ и Благоја Милевски ќе сметаат на Илоски во септемврискиот квалификациски циклус? Многумина сметаат дека ТРЕБА ДА ГО НАПРАВАТ ТОА!