4 октомври 2024 11:27

Дали ќе биде исполнет цензусот во вториот круг ?

Во првиот круг на претседателските избори, вкупниот број на гласачи кои излегле на гласање изнесува 906.000.

За да биде избран претседател во вториот круг цензусот изнесува 40% или вкупниот број на гласачи што треба да излезат во вториот круг на претседателските избори изнесува 726.000.

Од тука се поставува прашањето дали ќе биде избран претседател на Република Македонија доколку се остварат најавите за бојкот на вториот круг на претседателските избори од страна на условно кажано албанските партии, коалицијата предводена од ДУИ и коалицијата “Вреди”. Нивниот вкупен број на гласови од првиот круг на претседателските избори изнесува нешто повеќе од 200.000. Доколку се оствари истата излезност од првиот круг на претседателските избори и ако ги одземеме овие 200.000 гласови ќе биде навистина тесно за остварување на цензусот.

Сето ова може да биде во втор план доколку граѓаните во вториот круг на претседателските избори кои се споени со парламентарните избори излезат во уште поголем број. Тогаш и покрај бојкотот на одредени политички структури Македонија сепак ќе успее да избере претседател.