2 декември 2024 17:53

Даку суспендиран два натпревари

 

Мирлинд Даку ја доби казната за скандалозното однесување во натпреварот против Хрватска.

Албанскиот репрезентативец по завршувањето на натпреварот против Хрватска во кој немаше победник, упати пцовки земајќи мегафон од навивачите.

Денеска е потврдено дека УЕФА ќе го суспендира Даку со два натпревари.

Оваа суспензија значи дека Даку нема да може да игра утре против Шпанија, но и во осминафиналето ако Албанија избори пласман.